Пред почетокот на кризата - овој корисник на потрошувачки кредит од 10 илјади евра плаќал месечна рата од 13 295 денари. Банката му испорачала нова пресметка, кризата ги кренала каматите, сега овој корисник секој месец плаќа по 400 денари повеќе. Зголемувањето е драстично поголемо кај долгорочните станбени кредити, кај оние што отплаќаат повеќе од пет години. Еве какви камати во моментов диктираат банките. За кредит до 10 илјади евра, каматната стапка достигнува и до 16%, зависно од условите што ги исплатува корисникот. Се кренат каматите и на станбените кредити - некои банки ги нудат и со камата од 9,5%. Големи камати за оние што се задолжуваат, но затоа и високи камати за оние што штедат. За денарско штедење се исплаќаат камати од над 12%, за девизно и до 6% - во случајов за орочени пари на 3 години.
Пред почетокот на кризата - овој корисник на потрошувачки кредит од 10 илјади евра плаќал месечна рата од 13 295 денари.
Банката му испорачала нова пресметка, кризата ги кренала каматите, сега овој корисник секој месец плаќа по 400 денари повеќе.
Зголемувањето е драстично поголемо кај долгорочните станбени кредити, кај оние што отплаќаат повеќе од пет години.
Еве какви камати во моментов диктираат банките.
За кредит до 10 илјади евра, каматната стапка достигнува и до 16%, зависно од условите што ги исплатува корисникот.
Се кренат каматите и на станбените кредити - некои банки ги нудат и со камата од 9,5%.
Големи камати за оние што се задолжуваат, но затоа и високи камати за оние што штедат. За денарско штедење се исплаќаат камати од над 12%, за девизно и до 6% - во случајов за орочени пари на 3 години.
Народната Банка ја олабави каматната политика, но не ги укина високите високите лимити за задолжителна резерва, мерка што го ограничува кредитирањето.